Ви го претставувам најдоброто од градот, ресторанот кој засега нема конкуренција!
Многу сакам луѓе кои се разбираат во храна и знаат добро да готват. Еден од нив е и Петар. Нашето инстаграм пријателство спонтано одлучивме да го искачиме на следно ниво и петочки договоривме ручек во Антигона.
Со Петар, Драган, Елена и Ивана како за прв пат во Македонско Село, го погрешивме ресторанот. Ни донесоа мени со ракија и чварки, а ние по зреен бифтек бевме дојдени. Сфативме дека сме ја утнале работата :). Иако на иста локација, двата ресторани се два различни светови.
Во Антигона нè пречекаа Софка и Фичо . Го разгледавме менито и сфативме дека сакаме да пробаме СЀ!
Куверт – за добродојде. три различни лепчиња со три различни путери, власец, горгонзола и тартуф, чаден.
Од куќата добивме домашно пате од пилешки џигер со масло од тартуф
Услугата беше бес-пре-кор-на.
По нивна препорака нарачавме Валеријана салата со праска и козјо сирење и Ajзберг салата.
Како главно јадење, по препорака на Фичо, се одлучив за свинско филе со пире од компири и прелив од тартуфи. 10/10 од причина што посочно свинско месо немам пробано.
Врвниот сомелиер во консултација со Петар се одлучија за вино.
Изборот на главно јадење на Петар беше зреен бифтек со фстак и пире од целер и морков, како прилог артичоки.
Следно нешто што ме остави без зборови беа гарофало лингвините со доматен сос. Во самото тесто имаа лимон, што даваше врвен шмек.
Елена и Драган одбраа мисиркино.
Мисиркините гради со вргањ, спанаќ и брусница сос што ги нарача Драган најмалку ми се допаднаа.
Бидејќи обожавам горгонзола, морав да крадам од мисиркиното на Елена 😀
Од десерти пробавме :
- Чоколаден мус
- Тарт
- Кокос тапиока пудинг со манго сорбе
- Крем бруле со тиква
Се заљубив во тартот на Софка и крем брулето, а најмалку ми се допадна кокос тапиока пудингот.
Постов излезе подолг отколку што очекував, ама сакав доживувањево да ви го прераскажам на долго и широко. Едноставно мора да ја посетите Антигона. Ја препорачувам за интимна вечера, за некој посебен повод или доколку имате гости од странство пред кои треба да се покажете 😀
Секоја чест!
May 8, 2017
Sekoja cest za stranicava. Golem pozdrav do ekipata sto ja izrabotuva.
May 8, 2017
Ви благодариме на убавите зборови. Продолжете да не читате и во иднина 🙂