Иако изборот е скромен, сепак во Скопје се наоѓаат и вкусови од далечниот Исток.

Секогаш дозволете си да експериментирате со храна, проширете ги видиците, разбранете ги сетилата.

Дамаскино – Фалафел
Ќофтиња од наут, зачини и билки, испржени во масло за добијат крцкава кора, а во центарот останат меки и сочни. Натопете ги ќофтињата во кремавиот хумус со кој ги служат за комплетно уживање. Во порцијата добивате и мешана салата, помфрит и тортиља.

SushiCo
Потпржено пилешко со индиски ореви, чили и печурки. Припремено на тајландски начин во соја сос и сос од остриги. Комбинацијата од пикантни ноти од чили пиперката и сладок шмек од соја сосот создава слатка глазура на пилешкото месо која му дава уникатност на ова јадење.

 

Four – Fried roll Four
Суши рол со лосос, крем сирење, авокадо, морска трева и суши ориз. Испохуван и пропржен само за да добие крцкава кора и се растопи крем сирењето низ целиот рол, а притоа другите состојки да останат свежи. Суши во овој ресторан може да пробате само од четврток до недела.

Sushi #brunch 🍣 #tastingmenu

A post shared by Monica Bauer (@monikapotter) on

Пекинг гарден
Слатко-кисело свинско е веројатно едно од најпопуларните кинески јадења кај нас. Карамелизирани, крцкави парчиња месо со одличен контраст на вкусови, сладок шмек од шеќерот и остри и кисели ноти од оцетот. Моето омилено јадење кога е во прашање азиска храна.

Star Ocean
Ориз со зеленчук, во комбинација со пилешко на два начини, луто пилешко во слатко кисел сос и пилешко со бели и црни печурки и никулци од бамбус. Првиот, прекрасен баланс од три соса на едно место, меко и сочно месо пропржено со зелка, морков, пипер и црни кинески печурки. Вториот, лесен и едноставен специјалитет со три вида на печурки и никулци од бамбус.