Спремете се за уживање без грижа на совест!

Почнувајќи од ноемврискиот број на списанието Портрет, ми претставува огромна чест што станав нивен соработник.

Во продолжение следи изборот на топ 5 бургери во Скопје.

Black Pealr – Beer & Burger bar

Нов локал, малку подалеку од градот кој вреди да се посети. Прстените од кромид се оние кои го прават овој бургер поразличен од сите останати.

За бургеров #🍔 возев 16km, али вредеше 😄 Повеќе во @portretmagazin ❤️

A post shared by Monica Bauer (@monikapotter) on

Барбакан

На овој бургер долго му немаше конкуренција.  Секогаш одличен со ист квалитет на состојки. Мислам дека е време да го освежат менито со нов бургер.

Рок кафана Рустикана 2.0

The boss. Дефинитивно мојот омилен (и најкалоричен) . За љубителите на BBQ сос го препорачувам magic mushroom.

Лелее другари 😍😍😍 #WWIM14 #WWIM14🍴

A post shared by Monica Bauer (@monikapotter) on

Секогаш нарачувајте ги бургегите средно печени

DISTRIKT Bar & Kitchen

Убедливо највкусното месо што го имам пробано во бургер. Додатоците ги одбирате сами, јас се одлучив за кашкавал и сланина. Во прилог служат ајвар, што сметам дека може да се замени со некој добар сос.

Burger is love, burger is life 😻🍔

A post shared by Monica Bauer (@monikapotter) on

Кантина

Иако имаат повеќе бургери на менито, јас се одлучив за Кантина бургерот. Одличен е, го служат со многу добар кану помфрит и супер сосчиња .