Дистрикт Bar & Kitchen во склоп на хотелот Мериот е новото гастрономско доживување во градот.

Со дизајн на прекрасна отворена кујна, ќе ви понуди невообичаено искуство. Јас местово си го делам на три дела:

  • Првиот дел е прекрасен долг шанк, скоч бар каде се спојуваат работата и задоволството, во кој се нуди голем избор на локални вина и премиум коктели.

Поголемиот дел од коктелите ги имам пробано, па би ви го издвоила Green Green како омилен (тој во средина).

  • Вториот дел, го викам дневна соба. Многу пријатно уреден простор во кој служат и храна, но во посебно, ограничено мени. Од ова мени, фаворит ми е бургерот, со додатоци- сланина и кашкавал. Повеќе детали за овој бургер ќе најдете овде.

Burger is love, burger is life 😻🍔

A post shared by Monica Bauer (@monikapotter) on

  • Третиот дел, односно ресторанот е со два влеза- надворешен и преку фоајето. Во него се служи појадок (до 12 часот), ручек и вечера.

Во менито за појадок има огромен избор, jaс се одлучив за јајца Бенедикт. Без маана, совршено подговтвени, со прилог крцкава палачинка од рендан компир.

Perfect #breakfast 😋 #EggsBenedict

A post shared by Monica Bauer (@monikapotter) on

Освен отворената кујна, нешто што го прави овој ресторан многу поразличен од останатите е начинот на нарачување салата. Имено добивате ливче на кое во секоја секција одбирате по една намирница. Секциите се: листови, од отворена кујна, апетисани и житарки, сирење, сосови. Како додаток може да си одберете и пржено говедско на ленти, пилешки гради на скара, пржени ракчиња или лосос на скара.

Први на главното мени менито се даските. Ги има три, македонска, зреени морски плодови и мезе од отворена кујна. Цената варира во зависност од тоа дали сте 2/4/6 лица. Ја дегустиравме македонската, за  4 лица. Содржи кулен, зреено говедско месо, пршута, димен свински врат, кашкавал, бујурди (топено сирење), пинџур, маринирани маслинки и артичоки и домашно пита лепче. Како ѕвезда на оваа даска би го издвоила зрееното говедско месо. Да напоменам дека е многу тешко, но мене ми беше совршено. На крајот, сепак се работи за вкус.

Happy Idependence day 🇲🇰🎉

A post shared by Monica Bauer (@monikapotter) on

Доколку сакате даска со сирења, може да ја најдете во десертното мени. Претпоставувам сега си викате: лелеее колку менија имаат овие. Да, знам дека e збунувачки, но сепак тоа е избор на ресторанот, а наше како гости е да прашаме дали тоа што го сакаме го имаат. Даската е со локални мешани сирења содржи кравјо, овчо и козјо сирење, паста од ореви и сливи. Поради нејзиниот состав сосема разбирливо е што е сместена во десерти. Комбинирајте ја со бело вино.

Во главното мени, особено е за поздрав тоа што имаат македонски специјалитети. Ми се чини дека поголемиот број ресторани престанаа да го спремаат она што најдобро знаеме да го подготвуваме, македонската кујна.

Поразително е што речеси во Скопје и нема каде да јадеме полнети пиперки, мусака, сарма, итн…

Зајачко селско месо, сарма во лозов лист, турлитава и печен јагнешки пафлак се специјалитети кои можете да ги пробате во секое време. Исто така имаат и тавче гравче како прилог. За жал не успеав да пробам ниту едно од овие, но во следната посета на Дистрикт задолжително ќе ce најдат на моето мени.
Нешто друго што мене многу ми се допаѓа на менито е пиде, печено во фурна. Може да го нарачате во повеќе варијанти: обично (со ладно цедено маслиново и лук), спанаќ, зачинети колбаси, со мелено месо, со печени пиперки и лахмаџун.

Пиде со суџук 😻

A post shared by Monica Bauer (@monikapotter) on

Од бифтеци и месо на скара би ви го препорачала рачно направениот јагнешки ќебап Адана, со прилог шумски печурки печени во тава. Ќебапот има мала пикантна нота, се служи со лепче печено во фурна и мешана салата.

За сите сетила ☺️ #dinner

A post shared by Monica Bauer (@monikapotter) on

Сакав да го пробам зреениот рибај бифтек, но бидејќи во моментот го немаа, се одлучив за говедскo филе. Го нарачав со аспарагус на скара и сосот за скара со виски. Средно печено, сочно, совршено. By the book.

Date night 😻#dinner #filetmignon #beef #masterchefquality #asparagus

A post shared by Monica Bauer (@monikapotter) on

Една забелешка околу послужувањето е тоа што форсираат ајвар со многу јадења. Ајвар со бургер, ајвар со ќебап… Овие комбинации според мене се крајно непотребни. Потребно е вкусот на месото да дојде до израз. Се надевам во иднина ќе служат некој исто толку добар сос со бургерот, како што се тие за скара и бифтеците.

Конечно стигнав до десертното мени :D. На него се наоѓаат десертите и десертните коктели.

Во сутлијашот ставаат мелени бадеми, што му дава многу подобар вкус. Никогаш не би ми текнало дома кога си правам сутлијаш да додадам бадеми, пробајте, нема да згрешите :). Во комбинација со компот од сушени кајсии е полн погодок.

Колачот со сирење Дистрикт (чизкејк) содржи чили снегулки, сладолед од бурбон и ванила. Одличен!

😋🍓 #tasty

A post shared by Monica Bauer (@monikapotter) on

 

Нешто што ми остана за крај, се тестенините. За нив, во друга прилика!