Постои една стара приказна која секогаш се раскажува кога се зборува за пица печена на дрва, оди вака:

Прашале еднаш еден стар пица мајстор зошто пицата печена на дрва е секогаш многу повкусна од останатите. Тој на ова одговорил “поради трудот”. Трудот вложен во подготвувањето на оганот, одржувањето на високата температура на која се пече пицата за да биде крцкава, како и свежо подготвеното тесто за пица кое се пече за неколку минутки. Овие работи ја прават пицата печена на дрва највкусната пица на светот.

Со Pizza Mamma Italiana имав прилика да се запознаам сосем случајно, спремајќи се да гледам ракомет ме изненадија ненајавени и гладни гости. Одлична прилика за пица. По нивна препорака и избор се одлучивме за Mamma Italiana. Најпрво ме изненади времето за кое ни ја доставија пицата која беше се уште топла како штотуку извадена од фурна. Кога првпат пробувам не сакам да експериментирам со вкусови, па одлучивме да порачаме пола Капричиоза пола Диавола.

Капричиоза, можеби најбараната пица кај нас со состојки веќе добро познати на сите. Тестото тенко, крцкаво и лесно. Филот богат колку што и наликува за пица, ниту премногу да се распаѓа тестото ниту премалку да е сува. Квалитетни состојки, а посебно кашкавал кој се растегнуваше од секое парче. Диавола, или позната како Pepperoni, најбараната пица во светот. Одличен баланс помеѓу млечните ноти на кашкавалот и солените на куленот.

Добро е ова ракомет и пица ❤️ #🍕#pizza #handball #MammaItaliana

A post shared by Monica Bauer (@monikapotter) on

Одличен прв впечаток, но кај нас ретко кој може да испорача константен квалитет кога е во прашање храна, а особено некој што врши достава, па затоа решив да ги ставам повторно на тест. Овој пат на трпезата се најде Ерука со говедска пршута. Браќата мои јадат пица само со говедска пршута, па ја нарачавме. Солениот вкус од пршутата и пармезанот и земјениот од младата и крцкава рукола се одличен контраст. Феноменална во секој поглед, веднаш ми стана една од поомилените.

Оne way, or another, ќе јадам пица пица пица пица.мп3 #MammaItaliana #Pizza #🍕

A post shared by Monica Bauer (@monikapotter) on

Ајде пролет доаѓај побргуу! ☀️💐🍕#pizza #tulips #mammaitaliana

A post shared by Monica Bauer (@monikapotter) on

Добро, ако некаде кикснат тогаш тоа мора да е при подготовка и достава на Quattro Formaggi. Оваа пица во градот на прсти се брои кој може да ја долови онаква каква што е создадена да биде. Најчесто во нашите пицерии користат зденка, што многу ме лути. Oвде ја прават со доматен сос, кашкавал, камемберт, горгонзола и моцарела, рамномерно распределени на тестото да со секое ново залче наидеш на различен кашкавал и различен вкус. Вистински рај за љубителите на сирења и солена храна.

Ручек за еден #🍕#🧀 #Lunch #Pizza #QuattroFormaggi #MammaItaliana

A post shared by Monica Bauer (@monikapotter) on

Џабе фурна на дрва ако не ја спремаат нашата традиционална македонска пица/пита – пастрмајлија. Затоа и таа се најде на трпезата следна. Штипска или велешка, да не ја отвараме темата која е повкусна, се одлучив нивната за Пастрмајлија Мама Италијана. Да бидам искрена ја пробав и обичната свинска пастрмајлија, но оваа е многу подобра.
Однадвор крцкава кора, а средината мека, одлично зачинета со бибер и полна со кашкавал. Месото, меко и сочно, со посебен шмек од чадената сланина на врвот. Пастрмајлијата најдобро оди со лути феферони и чаша грч ладно пиво 🙂

FriYAY! 🐽 #lunch #MammaItaliana

A post shared by Monica Bauer (@monikapotter) on

Како веќе верен потрошувач, неодамна имав чест прва да ги пробам новите две пици на мени-то, Тоскана и Парма.

Тоскана – мојот фаворит и убедливо една од највкусните, а истовремено и наједноставна пица која некогаш сум ја пробала. Го обожавам вкусот на доматен сос помешан со растопена свежа моцарела. Целото тесто е наросено со лукче и прелиено со маслиново масло што дава посебен вкус и мирис, а пршутата доаѓа како јагода на шлагот. 🙂

All time fav 🍕🥓❣️ #Тоскана #mozzarella #proscuitto #garlic #pizza

A post shared by Monica Bauer (@monikapotter) on

Доколку ви е здосадено од класичната капри, а не сте човек кој сака да пробува нови работи, Парма е вистинската пица за вас. Доматен сос, кашкавал, шунка, чаден свински врат, печурки и павлака, јас ја доживувам како комбинација од капричиоза и стелато која совршено оди со доматниот сос кој доаѓа во прилог.

Кој ресторан и да го посетиш, секогаш ти препорачуваат да го пробаш специјалитетот на куќата. Затоа следна е пица Мама Италијана на пола во комбинација со Триколори. Ако би морала да изберам пица што најмалку ми се допадна, тоа е Мама Италијана. Доматен сос, кашкавал, моцарела, кулен, шунка, пршута, печурки и маслинки. Од друга страна пак, триколори ќе ја сместам во топ 3 фаворитите – доматен сос, кашкавал, пршута, кулен и горгонзола. Куленот ја прави пикантна а горгонзолата и дава прекрасен остар мирис.

Кога не можат да дочекаат да сликнеш 😂🙈 #🍕 #lunch #mammaitaliana #trikolori

A post shared by Monica Bauer (@monikapotter) on

Следните три пици се со целосно спротивни состојки, но подеднакво вкусни.

Рустика – доматен сос, сирење, кашкавал, јајце и чаден свински врат. Мирисот и вкусот на чадено месо и соленото сирење се она што оваа пица ја прави поинаква од другите.

Алполи – доматен сос, кашкавал, маслиново масло и магдонос. Лесна и едноставна пица со хербални и кисели ноти од магдоносот. Посебно добра за вегетаријанци.

Стелато – класичната капричиоза збогатена со кулен и павлака, две состојки што и даваат сосема нов и посебен вкус на оваа пица.

За крај, неколку класика пици кои верувам на сите ви се познати. Пици со кои не можете да погрешите. Капричиоза, Калцоне капри – затворена/преклопена капричиоза и пастрмајлија со свинско месо и зачини. 🙂

Pizza Mamma Italiana за многу кратко време стана мојот омилен пица сервис за достава. Пиците се секогаш со ист квалитет, а персоналот услужлив. Никогаш не штедат на состојки и соодносот кашкавал-тесто секогаш е беспрекорен! Времето за испорака на пица до вашиот дом е можеби најбрзото кое сум го забележала. Доколку пропуштив некоја од вашите омилени пици слободно напишете ми коментар и во најскоро време ќе ја додадам на листата, а до тогаш ви препорачувам да си ја порачате вашата омилена пица и да уживате во неа! 🙂

Топ 3 пици според мој вкус:

1.Тоскана

2.Триколори

3.Ерука со говедска пршута