Јас сум утринска личност.Сакам да станувам рано,сакам доручек во првиот час од будење а посебно ги сакам оние викенд утра,каде што имам малку повеќе време за спремање на доручек,но не премногу зошто кој сака во недела наутро да помине долго време во кујна ?! Не јас, тоа сигурно.Овој рецепт е меѓу првите ,ако не и прв рецепт каде што бев прилично убедена дека здрава храна не значи јајца и брокула за доручек.Не ме сфаќајте погрешно,сигурно не се исто вкусни како оние класични American pancakes ама со малку мед,крцкави бадемчиња и свежо овошје ќе ви бидат подеднакво вкусни.Како и да е одлична алтернатива па вреди да се пробаат.

Еве ги потребните состојки

  • 1 банана (колку по зрела ,толку подобро)
  • 2 јајца
  • ½ шоља овесни снегулки
  • кокосово масло за пржење
  • дополнително: ½ лажичка прашок за пециво

Начин на подготовка :

  1. Се ставаат сите состојки во блендер и се блендираат околу 2-3 мин се додека не се добие соединета смеса.Ако користите некои додатоци како какао,протеински прашок,путер од кикирики,ванила,цимет или слично додадете ги заедно со другите состојки. Јас сакам прво да ги изблендирам овесните снегулки за да се добие брашно па ги додавам другите состојки меѓутоа не е неопходно.

 

2. На загреана тава на средна температура се пече смесата за палачинки, по онолку колку што ви собира во тавата, меѓутоа внимавајте да не се лепат една со друга. Глемината е скроз по Ваша желба, моите беа околу 10тина см големи и 1мм во дебелина.

3. Се пржат околу 2-3 мин од една страна, знаете дека се готови кога ќе се појават меурчиња во смесата.Се превртуваат и се пржат уште 2-3 мин од другата страна

4. Се повторува постапката се додека имате од смесата.Со големина како што спомнав погоре излегуваат околу 5 палачинки.

5. За додатоците одлучете сами, во каков mood сте со тоа сервирајте си ги. Препорачувам свежо овошје, мед и јаткасти плодови

Еве неколку предлози што може да ви дадат идеа за вкусни комбинации:

weekend rituals 🥞💆🏼. #BananaPancakes #RaspberryJam

A post shared by Stefanija Nestorovska (@snestorovskaa) on

јаворов сируп , џем од малини и ванила,бадемови листови,нане

drowning in maple syrup over here 🙌🏼 . Banana / Cacao / Oat Pancakes . #DessertForBreakfast

A post shared by Stefanija Nestorovska (@snestorovskaa) on

јаворов сируп, малини, бадемови листови

you know the drill for Sunday mornings. Coffee, pancakes & cozy blankets ☃️. #BananaPancakes #HealthyBreakfast

A post shared by Stefanija Nestorovska (@snestorovskaa) on

јаворов сируп,кокос,бадемови листови,боровинки

јаворов сируп,банана,бадемови листови,капини

lemon-sugar Sunday pancakes 🍋 #NotSoHealthy

A post shared by Stefanija Nestorovska (@snestorovskaa) on

лимон и кокосов шекер

Sundays are for pancakes. #BananaPancakes #Bluberries #OrangeJuice #Almonds & stuff.. 🍊💐

A post shared by Stefanija Nestorovska (@snestorovskaa) on

банана,боровинки,мед,бадеми