Пилешко во сенф – Рок кафана Рустикана 2.0

Парчиња пилешко месо, потопени во сос од сенф. Комбинација која никогаш не би ми текнала дека функционира одлично. За уште повкусна порција, нарачајте додаток печурки

Пилешко Рокфорд – Бравос

На менито имаат голем избор на сосови за пилешко, но Рокфорд ми е фаворит. Многу силен вкус, кој со секое наредно залче се повеќе ве освојува. Во прилог ставаат ориз/ помфрит или комбинација од двете. За жал многу често им се случува да згрешат нарачки, така да добро осигурајте се дека ве разбрале што сте нарачале.

 

Пилешко во сос од сино сирење- Гастротека Сиеста

Новоотворено местенце со прекрасен интериер. Служат само два соса за пилешко, со кари и овој со сино сирење. Дефинитивно ме освои уште на првиот залак. Доколку сте љубител на силни вкусови, сигурна сум дека ќе ви се допадне. Го служат во прилог со ориз и зеленчук.

 

Пилешко со прелив од бадеми- Nola lounge bar

Пилешки гради прелиени со бел сос од крцкави бадеми во прилог со обарен грилуван зеленчук и печурки. Маслата од исечканите бадеми го збогатуваат белиот сос и му даваат неодолив шмек, вистинско гурманско уживање.

Пилешко во сос од вргањ – Four

Прекрасен спој на магијата на вргањ, со парче пилешки гради, шмек на лукче и печен компир. Целата порција навидум толку сложена, надополнета со руколa и никулци од грав создава една прекрасна целина на вкусови.