За тоа каков ќе ви биде денот, многу големо значење има начинот на кој ќе го започнете.

Појадокот, како најважен оброк во денот мора да биде внимателно одбран. Верувам дека моите предлози ќе ви го разубават утрото.

Горки – grilled cheese toast

Крцкав тост заробен во кашкавал со малку салата и ќечап. Ќе си речете дека тост многу едноставно се подготвува и дома, но овој е навистина посебно вкусен бидејќи е спремен на плотна. Топениот кашкавал се растегнува при секое залче, а по желба може да побарате да ви додадат пршута или јајце.

Во новиот број на @portretmagazin ќе прочитате 5 предлози за тоа каде да го започнете денот со вкусен појадок. Првиот е во @cafegorki – Grilled cheese toast. Тост заробен во кашкавал со малку салата и ќечап. Ќе си речете дека тост многу едноставно се подготвува и дома, но овој е навистина посебно вкусен бидејќи е спремен на плотна. Топениот кашкавал се растегнува при секое залче, а по желба може да побарате да ви додадат пршута или јајце. 😻 #portretmagazin #grilledcheese #toast

A post shared by Monica Bauer (@monikapotter) on

Дукат – телешка чорба

Приготвена со крупно исечкан зеленчук и месо, послужена во бакарен чорбалук во прилог со топли лепиња и лути феферони. Она што оваа чорба ја издвојува од другите се превкусните крупни парчиња месо. Никако не заборавајте да си ставите од преливот со лук, магдонос и оцет кој го еволуира вкусот на сите состојки во чорбата.

Прва помош против мамурлак ❤️ #телеќа

A post shared by Monica Bauer (@monikapotter) on

Distrikt bar & kitchen – јајца бенедикт

Се состои од позапечена земичка пресечена на половина, над неа лежи едно парче печеница, веднаш над нив одлично поширано јајце, за на крај да биде крунисано со Холандез сос и копар. Толку е вкусно што ви се отвораат универзуми пред очи. Како прилог, прекрасна крцкава палачинка од компир.

Perfect #breakfast 😋 #EggsBenedict

A post shared by Monica Bauer (@monikapotter) on

Soho House – омлет

Омлет со зеленчук кој сами го избирате, пршута и пармезан. Ви препорачувам да изберете рукола како додаток поради солениот вкус на пармезанот и земјената нота на руколата, два спротивни вкуса кои функционираат феноменално заедно. Во прилог крцкав ржан леб со семки кои запечени при подготовка на тост даваат посебен шмек. Одличен оброк за добар и енергетичен почеток на денот.

После цела недела, се одважив да ставам слика 😂 #breakfast #omlette

A post shared by Monica Bauer (@monikapotter) on

Piazza Liberta – мамурен појадок

Типичен Американски појадок во благо-солена комбинација. Две јајца на око на тост лепче покриени со кашкавал и крцкава сланина, сервирано со домашни колбасички. На другата половина- две тост лепчиња, путер и два вида мармалад. Навистина необична, но вкусна комбинација. Не заборавајте да си побарате кафе, чај или сок од портокал кои ви следуваат со појадокот.

Мамурен појадок во 2 попладне🍴#breakfast #americanbreakfast #instafood #food #foodie

A post shared by Dragan Stoshikj (@draganstoshikj) on