Трета година по ред, во Скопје се одржуваат денови на шведската кујна.

Од 7-16 јуни овој месец, ќе имате можност во Дистрикт бар и ресторан да пробате неколку специјалитети спремени од шведскиот шеф Магнус Албректсон. За неговата пасија кон готвењето и квалитетот како шеф, доволно е да ви кажам дека неколку години има работено во ресторан со Мишелин ѕведи и исто така ја има подготвувано храната за свечената вечера по повод доделувањата на Нобеловата награда која секоја година ја организира шведското кралско семејство.

Околу јадењата на менито кои имавме прилика да ги пробаме во Дистрикт бар и ресторан , би ви ги посочила следниве фаворити:

Предјадења:

Крем супа од лисичарка

Мариниран лосос на тост со сос од сенф и копар

Главни јадења:

Шведски ќофтиња со лингонбери бобинки и пире од компир

🍽🍷Thanks for the invitation @embassyofswedeninskopje ❤️ #TasteSweDish

A post shared by Monica Bauer (@monikapotter) on

*Оваа фотографија е од минатогодишните денови на Шведска кујна

Говедско ,,Стринберг”

 

Десерт:

Свежи јагоди со крем од печен бадем, карамелизирани бадеми и сорбе од јагоди

За крај пробав дел од коктелите кои овој петок ќе се служат на Friday 50 Afterwork party!

 

Ова е настан кој навистина не треба да го пропуштите!

На крајoт, сакам да се заблагодарам на Шведската амбасада во Скопје, за поканата и гостопримството.